Достапни линкови

Собранието ги изгласа измените на Законот за буџетите


Пратениците во македонското Собраниет со 47 гласови „за“ и 23 „против“, по скратена постапка го изгласаа Законот за изменување и дополнување на Законот за буџетите. Во случај на кризна состојба ќе можат да се префрлаат пари меѓу министерствата и другите државни органи до 5 отсто од постојните буџетски резерви, а за тоа да одлучува Владата.

Опозицијата беше против ваквото решение со образложение дека овозможува директно нарушување на уставниот поредок и навлегување на Владата во надлежностите на Собранието. Според СДСМ и НСДП, Законот воопшто не дефинира, ниту прецизира како ќе се трошат прераспределните пари во случај на кризна состојба, што отвора простор за нивна злоуотреба.

XS
SM
MD
LG