Достапни линкови

logo-print

Министерката за култура и бизнисменот Камчев во СЈО


Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска е на распит во Специјалното јавно обвинителство. Таа во просториите на обвинителството дојде сама, без придружба од адвокат. Не се знае за кој предмет и во кое својство е повикана на разговор, но СЈО веќе води случаи поврзани со контроверзниот проект Скопје 2014. Претходно во СЈО беше и бизнисменот Орце Камчев. Некои медиуми јавија дека на распит ќе дојде и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Минатата недела во СЈО се појавија градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски, лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ и членка на ДИК Силвана Бонева и претседателот на ПЦЕР Самка Ибраимовски.

XS
SM
MD
LG