Достапни линкови

Косово - Фрлена бомба во куќата на директорот на РТК


Експлозивна направа е фрлена во домот на генералниот директор на Косовската радио телевизија (РТК), Ментор Шали, во Приштина. Експлозијата се случила во текот на изминатата ноќ, кога во куќата било целото семејство на Шали, но нема повредени во нападот. Се претпоставува дека била фрлена рачна бомба. Косовската полиција го истражува случајот.

Ова е втор напад врз РТК во последните неколку дена. Претходно во дворот на телевизијата беше фрлена граната.

XS
SM
MD
LG