Достапни линкови

Петмина приведени за експлозијата во Брисел


Белгиската полиција привела пет луѓе на испрашување во врска со екплозијата што се случи во Институтот за криминологија во Брисел. Државното обвинителство соопшти дека петмината приведени биле во близина на објектот во време кога се слушнала експлозијата. Обвинителите се сомневаат дека нападот е извршен за да се уништат некои докази за криминални дејствија. Државната радио телевизија јави дека возило околу два часот изутрината го пробило патот до Институтoт по што се слушнала експлозија. Нема извештаи за повредени, но државното радио јави дека експозијата предизвикала материјална штета. Белгија е во вонредна состојба од можни терористички напади од март годинава по бомбашкиот напад на аеродромот и во метрото во Брисел кога загинаа 32 луѓе.

XS
SM
MD
LG