Достапни линкови

Иран размести ракети кај нуклеарниот објект Фордо


Иранските власти соопштија дека разместиле нови ракети од долг дострел од руско производство за да го заштитат нуклеарниот објект Фордо. Станува збор за ракетниот систем С 300 за кој претходно иранскиот верски лидер Ајатолах Али Хаменеи изјави дека е одбранбен. Фордо е изграден во планина во близина на градот Ком во централниот дел на земјата. Иран го запре збогатувањето ураниум во јануари годинава, по договорот со шесте светски сили во замена за олеснување на економските санкции.

XS
SM
MD
LG