Достапни линкови

Напад на ИД во затвор на Филипините


Исламските екстремисти организираа напад врз затвор во јужниот дел на Филипините, ослободувајќи 28 затвореници - вклучувајќи осум милитанти од Исламска држава. Полицијата соопшти дека нападот бил спроведен од 50 тешко вооружени членови на групата Мауте која вети верност на ИС. Осумте ослободени членовите на групата Mауте бил уапсени на 22 август, откако војници на контролен пункт на армијата пронашле експлозиви и пиштоли во нивното возило. Полицијата соопшти дека 20 други затвореници, кои се осудени за други кривични дела, исто така, избегале за време на нападот. Групата Mауте е една од неколку исламски екстремистички групи во јужниот регион Минданао - каде живее муслиманското малцинство во главно католичките Филипини.

XS
SM
MD
LG