Достапни линкови

Хоспитализиран претседателот на Узбекистан



Узбекистанскиот претседател Ислам Каримов е хоспитализиран поради овозможување на "неопходен медицински третман" во Ташкент. Во соопштението објавено денеска од владата се наведува дека 78-годишниот Каримов во болница ќе престојува одредено време, но нема детали за неговата здравствена состојба. Познато е дека Каримов има проблеми со срцевите и респираторни заболувања. Каримов требаше да се појави во јавноста во Ташкент на 1 септември, на прославата на 25-годишнината од независноста на Узбекистан од Советскиот Сојуз.

XS
SM
MD
LG