Достапни линкови

logo-print

Косово: Србите се откажаа од влегување во селото Муштиште


Прупадниците на раселените локални Срби кои органзирано се упатија во селото Муштише на Косово се вратија назад и не отидоа во селото, потврди полиицијата. Полицијата на Косово претходно денеска во Муштише се судри со група албански демонстранти кои го блокираа влезот во селото за да ги спречат раселените Срби да дојдат и да присуствуваат на одбележување на селската слава. Полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите а еден од нив е приведен.

Локалните Срби кои го напуштија Муштиште по војната на Косово во 1999, најавија враќање во селото на 28 август поради селската слава, но истовремено побараа креирање услови за нивно трајно враќање. Минатиот викенд во селото беше поставен билборд со напис- Ова локалните Срби на Муштиште го направија пред да заминат.

Директорот на Канцеларијата за Косово на Србија Марко Џуриќ соопшти дека денешните случувања во селото зборуваат колку е запалива безбедносната ситуација на Косово.

XS
SM
MD
LG