Достапни линкови

logo-print

Тајланд ќе го екстрадира рускиот бизнисмен кој е обвинет за корупција


Тајландските власти се согласиле да го екстрадираат рускиот бизнисмен и локален пратеник од Русија, кој е обвинет за корупција. Амбасадата на Русија во таа земја објави дека Тајланд потврдил оти рускиот државјанин Василиј Смолников ќе биде испратен назад во Русија кон крајот на септември и ќе се соочи со кривична пријава за голема проневера и за обид за поткуп на јавен службеник. Смолников, член на Советот на град Черногорск е оснивач нa комапнија за обнова на куќите во едно руско селото кое подоцна претрпело штети од пожар. Руските истржители тврдат дека Смолников ги проневерил сретствата доделени со тој договор и оти избегал од земјата Тој беше уапсен од полицијата во Тајланд по барање на руските власти, откако беше обвинет во отсуство од локалниот суд во Черногорск во февруари.

XS
SM
MD
LG