Достапни линкови

logo-print

Одржана заедничка антитерористичка вежба на Србија и РС


Кај граничниот премин меѓу Србија и БИХ на територија на општината Лозница, денеска е одржана анитерористичка вежба на полициите на Србија и на Република Српска, на која присуствуваа претседателот на Србија Томислав Николиќ и претседателот на РС Милорад Додик.

Николиќ оцени дека заедничката антитерористичка вежба покажала дека во борбата против тероризмот не смеат да постојат граници.
Додик кажа дека дека целта ан вежбата е борба против злото со кое се бори целиот свет.

Министерот за внатрешни работи на Србија Небојша Стефановиќ претходно изјави дека целта на заедничката вежба е покажуавње на силата и обученоста во борбата против тероризмот и оти со вежбата на ниту еден начин не се загрозува суверенитетот на БИХ.

XS
SM
MD
LG