Достапни линкови

Францускиот министер за екологија во посета на Иран




Францускиот министер за животна средина, Сеголен Ројал ги објави плановите за серијата заеднички проекти со Техеран, кои се насочени кон енергетската ефикасност, недостаток на вода, и загадувањето. Се разговарало за формирање на неколку клучни партнерства до февруари 2017 година. Францускиот министер е во тридневна посета на Иран. Нејзината делегација вклучува и високи претствници од фирми кои се специјализирани за вода, загадување, енергија и енергетска ефикасност - меѓу кои и шефот на француската мултинационална Електростопанска фирма. Официјални претставници на Иран, рекоа дека посетата на Ројал го покажува значењето на меѓународната соработка во животната средина.

XS
SM
MD
LG