Достапни линкови

Се интензивираат турските напади во Сирија


Најмалку 20 цивили загинаа утрово во Сирија при воздушни напади на турските сили, кои веќе петти ден спроведуваат офанзива против џихадистите на Исламска држава и курдските милиции, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

- Најмалку 20 цивили се убиени, а уште 50 се повредени во турските воздушни напади во близина на селото Џаб ел-Кусе, јужно од Џараблус, изјави шефот на сирискиот центар, Рами Абдел Рахман.

Еден турски војник загина, а тројца се повредени вчера во ракетен напад врз турски тенк во близина на градот Џараблус, во северниот дел на Сирија.

XS
SM
MD
LG