Достапни линкови

logo-print

Ракетен напад врз аеродромот во Дијабекир


Курдски екстремисти истрелале четири ракети врз аеродромот во турскиот град Дијабекир, во југоисточниот дел од земјата, поради што патниците и персоналот биле веднаш евакуирани. Во нападот нема жртви, ниту повредени, а возниот ред на летовите не е нарушен. Ракетите паднале во празен простор во близина на полициски контролен пункт на аеродромот, предизвикувајќи експлозии кои се слушнале во целиот град.Во Дијабекир живее големо курдско малцинство. Нападот е извршен само неколку дена по почетокот на турската воена офанзива во Сирија, која има за цел да ја уништи Исламска држава и да ги спречи курдските борци да заземат територии. Вчера турски авиони ги погодија позициите на курдските екстремисти во северниот дел на Сирија. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон соопшти дека турските воздушни напади и бомбардирање го погодиле селото Ал-Амарна,кое неколку дена претходно било заробено од страна на сириските демократски сили. Нападот врз селото предизвика цивилни жртви и беше опишан како опасна ескалација која се заканува на судбината на регионот.

XS
SM
MD
LG