Достапни линкови

logo-print

Чавков: Се бараат механизми за подршка на политиката на Турција


Ние даваме силна подршка на легитимно избраните институции во Турција, а веројатно ќе се бараат правни механизми како да дадеме подршка на владината политика на Турција. Ова денеска го изjави министерот за внатрешни работи Митко Чавков на прашање што точно е одлучено на владината седница во врска со организациите и училиштата што во Македонија се поврзуваат со турскиот свештеник Фетула Ѓулен. Иако одлуката е донесена пред неколку дена Чавков слично како и Mинистерот за надворешни работи пред неколку дена, не кажа дали и кои организации може да бидат затворени. Турската агенција Анадолија минатиот месец објави список со фирми во Македонија кои се сметаат за блиски до Ѓулен. На списокот се наоѓаат училиштето Јахја Кемал,неделникот Заман и неколку фирми и организации.

XS
SM
MD
LG