Достапни линкови

Погребани 35 жртви од земјотресот во Италија


Државниот погреб за дел од 290 те жртви во силниот земјотрес што во средата ја погоди централна Италија се одржа денеска во присуство на претседателот и премиерот, како и на бројни граѓани. Во Италија денеска е ден на жалост за жртвите од земјотресот и знамињата се спуштени на половина копје. Ковчезите со 35 жртви од градот Арката беа изложени во спортската сала во главниот град на таа област. Билансот на настраданите се зголеми на 290 бидејќи се пронајдени уште тела. Поголем дел од жртвите се Италијани, но има и неколку странци.Најмалку 388 луѓе се згрижени во болниците.

XS
SM
MD
LG