Достапни линкови

Бејли-реформите и договорот од Пржино важни за Нато интеграцијата


Алијансата не е само одбранбена структура, туку заедница на држави кои промовираат вредности на демократија, владеење на правото, слободa, изјави амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли на годинешниот Форум за Безбедност што се одржува во Охрид

- Тоа е клучен дел на Алијансата вметнат во првиот параграф на самата организација. Оттаму и во дел на заклучоците за Македонија од Самитот во Варшава се нагласува важноста од продолжување на реформите во таа насока, особено преку имплементација на Договорот од Пржино, рече Бејли.

На годинашниот Форум во Охрид учествуваат претставници на алумни-асоцијациите на Џорџ.К Маршал центрите во државите од Западен Балкан, како и повеќе истакнати професори, аналитичари, експерти од регионот и пошироко, кои дебатираат за актуелните безбедносни предизвици со кои се соочува регионот

XS
SM
MD
LG