Достапни линкови

Иран ќе соработува со ОПЕК за нафтата, но без жртви


Иранскиот министер за нафта Бијан Зангенех изјави дека Иран ќе работи со другите членови на ОПЕК за поддршка на цените на нафтата, но оти нема да се повлече од својата цел за враќање на загубите направени поради економските санкции. "Иран ќе соработува со ОПЕК за подобрување на цените и на состојбата на пазарот, но го очекуваме нашето право да ги вратиме нашите загуби на пазарот" рече тој. Според Заганех Иран немал улога во нарушување на стабилноста на нафтениот пазар. Тој наведе дека во 2014 година кога се случи нестабилноста на пазарот, извозот на нафта на Иран бил помалку од еден милион барели на ден. По санкции кои беа укинати во јануари, Техеран соопшти дека двојно се зголемил извозот на нафта од 2,7 милиони барели дневно.

XS
SM
MD
LG