Достапни линкови

Јолевски: Македонија останува посветена на зачленувањето во НАТО


Република Македонија останува посветена на својата цел да стане членка на НАТО што поскоро, изјави министерот за одбрана Зоран Јолевски во обраќањето пред учесниците на Безбедносниот форум „Одлуките од Самитот на НАТО во Варшава: импликации за Алијансата и за земјите од Западен Балкан“, што во организација на Маршал-центарот на Република Македонија по четврти пат се одржува во Охрид.

Министерот за одбрана истакна дека АРМ ќе продолжи да соработува со останатите земји-членки на НАТО, како во заеднички воени вежби, така и во мисиите на Алијансата, ОН и ЕУ.

На годинашниот Форум во Охрид учествуваат претставници на алумни-асоцијациите на Џорџ.К Маршал центрите во државите од Западен Балкан, како и повеќе истакнати професори, аналитичари, експерти од регионот и пошироко, кои ќе дебатираат за актуелните безбедносни предизвици со кои се соочува регионот.

XS
SM
MD
LG