Достапни линкови

Чавков: Во Турција приведени 5 македонски државјани осомничени за членство во ИД


Пет македонски државјани осомничени за членство во Исламска држава на 12-ти овој месец се приведени во синхронизирана акција на македонската полиција во соработка со турската полиција во едно од собиралиштата на џихадисти лоцирано во населбата Аксарај, Турција.

Од приведените македонски државјани, како што соопшти на денешната прес-конференција министерот за внатрешни работи Митко Чавков, тројца се од Куманово и две лица се од Скопје.

- Во акцијата при обид за бегство две од лицата се здобиле со тешки телесни повреди, изјави министерот Чавков.

Осомничените се вратени во Македонија и против нив е поднесена кривична пријава. Од судија на претходна постапка на сите пет пријавени лица определена им е мерка притвор.

Министерот Чавков информираше дека за 23 лица македонски државјани се води кривична постапка, околу 25 македонски државјани се загинати, а околу 50 лица се уште се на боиштата во Сирија и Ирак.

XS
SM
MD
LG