Достапни линкови

Турски авиони нападнаа курдски позиции во Сирија


Турски воени авиони денеска во северниот дел на Сирија нападнаа позиции на курдските сили. Сириската опсерваторија за човекови права, со седиште во Лондон, објави дека во турските воздушни напади и бомбардирањето е погодено селото ал-Амарна, кое претходно беше освоено од Сириските демократски сили. Во соопштението, воениот совет на Сириските демократски сили , наведе дека нападот врз селото предизвикал цивилни жртви и го нарече "опасна ескалација која е закана за регионот". Еден ден претходно, турски тенкови и оклопни возила ја преминаа границата со Сирија, како дел од операцијата на вадење на милитанти од пограничниот регион и запирање на курдските милитанти да ја преземаат територијата. Турција ја предупреди Алијансата на Сириските Демократски Сили , дека мора да се повлече од оваа област. Турција гледа на Сириските Демократски Сили како на продолжение на курдската работничка партија, вооружена група која ја смета за терористичка организација.

XS
SM
MD
LG