Достапни линкови

Државен погреб за жртвите од земјотресот во Италија


Сè помали се шансите за пронаоѓање на преживеани од силниот земјотрес во Италија. Во некои области се прекинати операциите за спасување. Властите соопштуваат дека во земјотресот кој се случи пред три дена загинале 278 луѓе.
Се уште многу луѓе се водат за исчезнати. Италија за утре планира државен погреб за околу 40 од жртвите, а прогласен е и ден на жалост. Многу од жртвите се странски туристи. Одделот за цивилна заштита соопшти дека 388 луѓе биле примени во болница, а 40 од нив се во критична состојба. Над 2.500 луѓе останале без своите домови по најсмртоносниот земјотресот во Италија од 2009 година.

XS
SM
MD
LG