Достапни линкови

logo-print

Косовски пратеник делел работа по партиска линија


Сојузник на претседателот на Косово е под истрага дека делел работни места во државните институции и компании по партиска линија. Адем Грабовци е осомничен врз основа на докази од телефонски разговори направени во 2011 година за време на операцијата за борба против корупцијата од страна на ЕУЛЕКС.

Грабовци во тоа време беше шеф на парламентарната група на Демократската партија на Косово, тогаш предводена од Хашим Тачи. Тачи сега е претседател на Косово.

Грабовци допрва треба да одговори на обвиненијата покренати од страна на јавниот обвинител на Косово. Тој си поднесе оставка на функцијата шеф на парламентарната група на ДПК, но останува во неговата партија и пратеник.

XS
SM
MD
LG