Достапни линкови

logo-print

Законот за владино рекламирање ќе се доработува


Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) заради доработка го повлече предлог законот за кампањи на јавните институции, велат од Министерството. Владата на предлог на Министерството, во текот на вчерашниот ден го повлече текстот на законот од собраниска процедура. Можноста за повлекување на Предлог законот заради усогласување беше најавена уште на самите состаноци со медиумите и оттука, Министерството најостро ги демантира сите шпекулации во однос на причините за повлекување на законот и информира дека единствена причина е потребата за доработка на текстот на законот согласно добиените предлози и забелешки, се вели во соопштението.

XS
SM
MD
LG