Достапни линкови

Ксидакис: Проблемот меѓу Атина и Скопје е заеднички


Kлимата во однoсите меѓу Скопје и Атина постојано се подобрува, вели грчкиот заменик министер за надворешни работи Никос Ксидакис.

„Мислам дека проблемот меѓу Атина и Скопје е заеднички проблем. Тие треба да го скршат мразот и да го решат недоразбирањето“, изјави Kсидакис за првата програма на државното радио.

Тој исто така додаде дека „со цел да ги исполни критериумите за членство, кои се многу и тешки, Скопје ќе мора да помине долг пат, а Грција ќе го помага европскиот курс на земјата“.

XS
SM
MD
LG