Достапни линкови

Кери и Лавров разговараат за Сирија


Американскиот државен секретар Џон Кери и неговиот руски колега Сергеј Лавров во Женева разговараат за постигнување договор за воена и хуманитарна соработка во Сирија. Постои надеж дека договорот на крајот ќе доведе до прекин на непријателствата во Сирија и повторно отпочнување на разговорите за транзиција кон нова влада во земјата. На Кери и Лавров на состанокот им се придружи и специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Стефан де Мистура.
Обединетите нации соопштија дека Русија се согласила на 48 часовен прекин на огнот во поделениот сириски град Алепо со цел да се овозможи хуманитарна помош.

XS
SM
MD
LG