Достапни линкови

logo-print

Одбележани 15 години од убиствата кај мотелот Бриони


Потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

Потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

На православните гробишта во Челопек и на разурнатиот мотел „Бриони“, членовите на семејствата и пријателите ја одбележаа 15-годишнината од загинувањето на Светослав Трпковски и Боге Илиевски во конфликтот во 2001 година.

Семејствата на загинатите бараат да се откријат виновниците и да се расчисти случајот. Илиевски и Трпковски беа убиени на 26 август 2001 година однепознати сторители. Тие загинаа откако биле врзани за потпорните столбови и кренати во воздух со мотелот „Бриони“ кај Челопек. Нивното загинување се случи две недели по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор и пет дена по разурнувањето на Лешочкиот манастир.

XS
SM
MD
LG