Достапни линкови

Доаѓа нова група словачки полицајци во Македонија


Дваесет и пет припадници на полицијата на Словачка на 29-ти овој месец ќе пристигнат во Македонија за да спроведуваат заеднички патролни активности со македонските колеги на државната граница со Грција, информира денеска Амбасадата на Република Словачка во Скопје. Тие ќе превенираат да не се преминува неовластено државната граници.

Четвртата ротација на 25-те припадници на словачката полиција е врз основа на Меморандумот за разбирање помеѓу министерствата за внатрешни работи на Република Словачка и Република Македонија.

Полицајците ќе бидат соодветно опремени – со теренски моторни возила, термални камери и уреди за ноќно гледање. Мандатот на словачката полицициска мисија ќе биде 30 дена со можност за продолжување.

Република Словачка до сега испрати во земјата вкупно 100 полициски службеници.

XS
SM
MD
LG