Достапни линкови

Помош од Македонскиот Црвен крст за Италија


Црвениот крст на Македонија понуди помош за справување со последиците по земјотресот во Италија. Од македонскиот Црвен крст разговарале со италијанскиот Црвен крст и во името на волонтерите и вработените било изразено сочувство со семејствата кои ги изгубија своите најблиски во катастрофалниот земјотрес кој ја погоди централна Италија.

Црвениот крст на Република Македонија во наредниот период, како што се додава во сопштението, е подготвен да упати хуманитарна помош во парични средства во Фондот на Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина наменети за помош и поддршка на настраданото население во централна Италија.

XS
SM
MD
LG