Достапни линкови

Бомбашки напад во југоисточна Турција


Најмалку 11 луѓе загинаа, а 78 се ранети во денешниот бомбашки напад врз полициски контролен пункт во градот Џизре, во југоисточна Турција, во близина на границите со Сирија и со Ирак. Во градот живее претежно курдско население. Експлозијата на автомобил бомба нанела сериозни оштетувања на седиштето на специјалните полициски сите во Џизре. Телевизиски снимки покажуваат чад како се шири над градот. Засега никој не презеде одговорност за нападот.

Но, државната агенција Анадолија, јави дека нападот е извршен од Курдската работничка партија, која веќе три децении се бори за курдска автономија и изведува речиси секојдневни напади врз силите за безбедност по прекршувањето на примирјето во јули минатата година. Турција, Еу и САД ја прогласија партијата за терористичка организација. Нападот доаѓа на два дена од почетокот на турската воена офанзива во Сирија за справување со екстремистите на Исламската држава и сириските Курди.



XS
SM
MD
LG