Достапни линкови

logo-print

Во САД осуден руски хакер за онлајн грабеж


Во САД е осуден русинот Роман Селезњов за хакирање на системите на некои американки фирми и за крадење информации од кредитни карти преку кои украл милиони долари. Селезњов главно се фокусирал врз ресторани за пица во американската држава Вашингтон каде што украл броеви на милиони кредитни карти кои потоа ги продавал на илегални интеренет форуми. На ваков начин украл скоро 170 милиони долари ширум светот. Селезњов кој е син на на руски пратеник бил уапсен на Малдивите и сега се соочува со казна затвор од 34 години.

XS
SM
MD
LG