Достапни линкови

Во Скопје ќе пристигне хуманитарна помош од Русија


Денеска на аеродромот „Александар Велики“ е најавено да пристигне хуманитарна помош од Русија за погодените од поплавата на 6 август во делови на Скопје. Руската новинска агенција ТАСС деновиве објави дека македонскиот премиер Емил Димитриев побарал од рускиот премиер Дмитри Медведев помош врз основа на претходната понуда од рускиот министер за вонредни состојби Владимир Пучков. Се наведува дека Македонија побарала пумпи за вода, дезинфекциски средства, гумени чамци, кебиња, вреќи за спиење. Македонија веќе прими помош од Албанија, Ацстрија, Бугарија, Грција, Србија, Турција, Хрватска и Црна Гора. Во поплавата од поројниот дожд загинаа 22 лица, додека 100 беа ранети.

XS
SM
MD
LG