Достапни линкови

Повлечен законот за владино рекламирање


Законот за владино рекламирање е повлечен од собраниска процедура, соопшти пратеникот од СДСМ Томислав Тунтев. „Пратеничката група на СДСМ во Собранието спречи уште една лудост на ВМРО-ДПМНЕ. Законот за владино рекламирање со кој власта сакаше да ја запечати корупцијата на медиуми со државни пари е повлечен благодарејќи на жестоката реакција на опозицијата“, изјави тој. На ова реагираше ВМРО-ДПМНЕ оценувајќи дека „СДСМ е непријател на медиумите и не сака регулирање на владиното рекламирање по урнек на европските модели“. За СДСМ, се вели во реакцијата, единствено се прифатливи медиумите кои се дел од „Фабриката“ финансирана од политичкото раководство на СДСМ/Сорос.

XS
SM
MD
LG