Достапни линкови

logo-print

Руско-американска соработка околу хемиските напади во Сирија


Русија ќе соработува со САД во истрагата за користење на хемиско оружје во Сирија, велат руските власти откако истрага спроведена од ОН покажа дека се користел отровен гас во нападите.

Рускиот амбасадор во ОН Виталиј Чуркин денеска изјави дека е во заеднички интерес вакви работи да не се случуваат.

Истражна група формирана од страна на Советот за безбедност на ОН објави извештај според кој силите лојални на претседателот Башар ал Асад користеле отровен гас во најмалку два напади, додека милитантите на Исламската држава извеле еден таков напад. Опишувајќи го извештајот како „многу темелен“ Чуркин изјави дека тој и неговата американска колешка Саманта Пауер, се согласиле да работат заедно по наводите.

XS
SM
MD
LG