Достапни линкови

logo-print

Иран само си ги бранел водите од американски брод


Иранските власти ги отфрлаат обвинувањата дека малтретирале американски брод, туку велат дека само си ја вршеле работата. Официјален Техеран соопшти дека нејзините поморски сили си ја вршеле должноста, односно следеле странски брод кој е во близина на иранските територијални води. Иран вели дека ќе ги предупредуваат секој брод кој влегува во нивни води.

Министерот за одбрана Хусеин Деган вели дека ако некој американски брод влезе во поморски регион на Иран ќе добие предупредување, а доколку не ги послуша, ќе се соочи со иранските власти. Четири мали чамци на Револуционерна гарда на Иран пловеле во близина на американски брод во Персискиот Залив.

Морнарицата на САД вели дека средбата на бродовите била „несигурна и непрофесионална“ и дека инцидентот се случил во меѓународни води.

XS
SM
MD
LG