Достапни линкови

Ирак изгласа недоверба на министерот за одбрана


Ирачкиот парламент гласаше за оставка на министерот за одбрана Калед ал Обеиди. Тој не ја доби довербата од пратениците. Обеиди претходно го обвини претседателот на парламентот Салим ал Џабури и други владини претставници и бизнисмени дека се вмешани во скандал за корупција. Потоа беше отворена истрага, а со недели имаше тензии и расправи меѓу Обеиди и Џабури. Со оставката на Обеиди се трга од власт еден од главните сунитски сојузници на шиитскиот премиер Хајдер ал Абади во време кога државата се бори со милитантите на Исламската држава.

XS
SM
MD
LG