Достапни линкови

За Бајден „Северен тек 2“ е лоша зделка за Европа


Американскиот потпретседател Џо Бајден кој е во посета на Шведска изјави дека проектот за гасовод Северен тек 2, проект во кој е вклучена и Русија, е лоша зделка за Европа. Тој вели дека на Европа и требаат сигурни извори на гас, посочувајќи што и се случи на Украина која е зависна од руски гас. Минатата година руски Гаспром и нивните европски партнери се договорија да изградат нов гасовод под Балтичкото Море до Германија со кој ќе се заобиколи Украина. Ниедна земја не треба да ја користи енергијата како оружје, вели Бајден.

Европската унија се обидува да ја намали зависноста од рускиот гас. Една третина од потребите на гас во Унијата се задоволуваат со руски гас.

XS
SM
MD
LG