Достапни линкови

Меркел: Нема укинување на санкциите кон Русија


Германската канцеларка Ангела Меркел вели дека тешко може да се очекува политичка одлука за укинување на санкциите кон Русија, ако не биде видлив напредок во примена на договорот од Минск за решавање на кризата во Украина. Меркел денеска е во посета на Прага. Таа на прес конференција по средбата со чешкиот премиер Бохуслав Соботка, рече дека е многу тешко во ситуација кога се зголемуваат тензиите во тој регион да се донесе политичка одлука. Таа вели дека ЕУ се надева дека ќе добие некои информации кои ќе доведат до укинување на санкциите, но дека засега такви информации нема.

Соботка, го одби барањето на претседателот на Чешка Милош Земан, земјата да застане на страната на земјите членки на ЕУ кои безусловно бараат укинување на санкциите кон Русија. Тој вели дека санкциите се израз на немоќ и стратегја во која губат двете страни, а никој не добива ништо.

XS
SM
MD
LG