Достапни линкови

Партиите со сочувство до Италија по земјотресот


Претседателите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев, испратија телеграми со сочувство до италијанските власти за жртвите од земјотресот.

„ Македонија и македонските граѓани искрено сочувствуваат со сите погодени од големата катастрофа во вашата земја и се подготвени да помогнат на секој начин, се вели во телеграмата од Груевски до италијанскиот премиер Матео Ренци.

Заев испрати телеграми со сочувство до претседателот на Италија Серџо Матарела, премиерот Матео Ренци и граѓаните на Италија за жртвите од катастрофалниот земјотрес, соопшти денеска СДСМ.

СДСМ, додава Заев, е подготвена да помогне на Италија во рамки на своите можности. Посакуваме брзо опоравување на повредените и стабилизација на природната непогода.

XS
SM
MD
LG