Достапни линкови

Забраната на буркини - жешка тема


Градоначалниците на Лондон и на Париз денеска ја критикуваа забраната за буркини во одделни градови во Франција и велат дека жените треба да носат на плажа што сакаат. Забраната на буркини, што е всушност костим за капење со кој се прекрива целото тело, поттикна голема расправа во Франција, но и критики.

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, првиот муслиман на чело на британската престолнина, денеска во Париз рече дека разбира оти во Фрнција на сила е вонредна состојба, но дека никој не треба да говори на жените што можат, а што може да се носи.

Градоначалничката на Париз, Ан Идалго повика да се прекине „хистеријата“ со буркинито, а властите да се насочат кој унапредување на социјалната кохезија. Легалноста на забраната денеска се разгледува во највисокото француско административно тело, по жалбите на две организации за човекови права.

XS
SM
MD
LG