Достапни линкови

„Ослободувањето на Скопје“ ќе го отвори „Браќа Манаки“


Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ е подготвен за најновото 37.издание, а на фестивалското платно првата проекција ќе биде македонската премиера на филмот „Ослободување на Скопје“ во режија на Раде Шербеџија, соопшти директорот на фестивалот Благоја Куновски-Доре.

Менаџерскиот тим на фестивалот на денешната прес-конференција во Битола информира дека фестивалот ќе го затвори премиерата на новиот македонски игран филм „Златната петорка“ во режија на Горан Тренчовски и ќе биде прикажан надвор од конкуренција.

Од 10 до 17 септември ќе бидат реализирани 10 различни филмски програми, 150 филмови, од 50 држави во светот. Ќе бидат доделени награди за животно дело, годинава, за двајца великани на светската кинематографија, Роби Милер и Џон Сил, а добитник на специјалната „Златна Камера 300“ е Федон Папамихаил.

XS
SM
MD
LG