Достапни линкови

Турција испрати уште тенкови во Сирија


Турција испрати дополнителни тенкови во северна Сирија во областа која вчера турските сили ја презедоа од милитантите на Исламската држава. Турските власти исто така ги предупредија курдските милитанти во областа, кои се поддржани од САД, да се повлечат. Вчера Турција започна воена операција во градот Џараблус за справување со екстремистите. Во операцијата исто така учествуваа и бунтовници од Сириската ослободителна армија. Денеска уште 20 турски тенкови влегоа во областа. Турција ги предупреди курдските бунтовници да се повлечат источно од реката Еуфрат, во спротивно Анкара ќе биде принудена да интервенира.

Американскиот потпретседател Џо Бајден изјави дека Турција е подготвена да остане во Сирија онолку време колку што ќе биде потребно да ја уништи Исламската држава. Бајден изјавата ја даде при посетата на Шведска, еден ден откако беше во посета на Анкара.

XS
SM
MD
LG