Достапни линкови

logo-print

Затвореник ќе биде градоначалник на Карачи


Затвореник ќе биде градоначалник на најголемиот пакистански град Карачи. Градоначалникот е во затвор обвинет за бунт и за тероризам. Станува збор за Весем Актар, поранешен министер и пратеник од моќното движење Матахида Куами. Тој доби 196 од вкупно 294 гласови од градските власти. Актар беше уапсен во јули и обвинет дека наредил крвави судири со демонстранти во 2007 кога бил министер.

Според пакистанските закони политичар и од затвор може да работи. Градоначалникот рече дека ќе побара од управникот на затворот да му обезбеди канцеларија во затворот, а локалните работи ќе ги води преку видео врска.

XS
SM
MD
LG