Достапни линкови

logo-print

Путин: Неморална е одлуката за параолимпијците


Претседателот на Русија Владимир Путин денеска рече дека забраната за учество на руските параолимпијци да настапат на претстојната Параолимпијада во Рио е неморална и нехумана. Меѓународниот параолимписки комитет го суспендираше рускиот тим од Олимпијадата која треба да се одржи од 7 до 18 септември.

„Одлуката да се дисквалификуваат нашите спортисти е надвор од границите на законот, моралот и хуманоста“, рече Путин. Меѓународниот комитет соошти дека одлуката е донесена по анализа на доказите за систематски допинг во кој учествувала и државата. Русија потоа ја обжали одлуката пред Арбитражниот суд за спорт, но тој ја одби жалбата.

XS
SM
MD
LG