Достапни линкови

Притвор за човекот виновен за заложничката драма во Москва


Човекот кој држеше заложници во една банка во Москва ја призна вината, велат руските власти. Тој вчера четири часа држеше заложници во филијала на Ситибaнк во центарот на Москва. Истражниот комитет на Русија денеска соопшти дека човекот се изјаснил за виновен и дека за него ќе биде побарано притвор. Медиумите во Русија пишуваат дека човекот бил банкротиран бизнисмен кој влегол во банката тврдејќи дека има бомба. Тој земал за заложници тројца вработени во банката и еден клиент, кои неколку часа подоцна беа ослободени без да бидат повредени. Се покажа дека експлозивната направа што бизнисменот ја имал на себе била лажна.

XS
SM
MD
LG