Достапни линкови

Притвор за српски државјанин за криумчарење мигранти


Полицијата вчера пронашла 47 мигранти кај тунелите кај Демир Капија, соопшти денеска МВР. Тие биле во товарно возило со скопски регистарски таблички. Мигрантите се од Сирија, Ирак, Пакистан и Авганистан.

Полицијата го привела возачот на комбето, кој е од Србија. Против него има кривична пријава за криумчарење мигранти. На возачот му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

XS
SM
MD
LG