Достапни линкови

Партиите бараат комплетирање на ад-хок телото за медиуми


СДСМ побара ад-хок телото за следење на медиумите за избори да го изберат петтиот член за да може тоа да почне да функционира.

Од партијата, како што посочуваат во денешното соопштение, не отстапуваат од ставот дека петтиот член мора да биде експерт од медиумската сфера, признат и почитуван во новинарската професија како гаранција дека независно и слободоумно ќе постапува согласно законските ингиренции на ова тело.

Во СДСМ сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ не сака слободни медиуми, објективно информирани граѓани и избори на кои граѓаните слободно ќе го дадат тој глас. Според партијата, опстукциите што ги правела ВМРО-ДПМНЕ се доказ дека се плашат од фер и демократски избори.

Од ВМРО – ДПМНЕ, пак, соопштија дека даваат целосна поддршка ад-хок телото да го избере најдобриот кандидат, но од партијата велат дека телото не смее да подлегне на притисоци од Зоран Заев.

Според ВМРО-ДПМНЕ, да сакала СДСМ слободни и фер медиуми, немало да бара да го назначува главниот уредник на информативната редакција на МТВ.

XS
SM
MD
LG