Достапни линкови

logo-print

Меркел: Британија да ја почне процедурата за излегување од ЕУ


Германскиот канцелар Ангела Меркел ја повика Британија што поскоро да поднесе формално барање за излегување од ЕУ и покрај готовноста на земјите членки на Лондон да му дадат повеќе време за донесување одлука за ова прашање. Меркел во естонскиот главен град Талин изјави дека ЕУ е зафатена со многу работи и затоа не може на Британија да и дава многу време за да донесе одлука за идните нејзини врски со Унијата. Меркел се наоѓа на турнеја по неколку европски земји во врска со Брегзитот. Таа денеска ќе престојува во Прага.

XS
SM
MD
LG