Достапни линкови

Убиени напаѓачите во Американскиот универзитет во Кабул


Авганистанските безбедносни сили денеска ги убиле двајцата напаѓачи кој влегоа во Американскиот универзитет во Кабул. Со тоа заврши десет часовната драма во која загина најмалку 12 лица. Нападот почна вчера со голема експлозија на автомобил бомба по што следуваше престрелка која ги натера студентите и персоналот на Универзитетот да почнат панично да бегаат. Властите соопштија дека со помош на советници од САД и НАТО по неколкучасовна спорадична престрелка, безбедносните сили успеале да ги убијат напаѓачите. Полицијата соопшти дека биле спасени над 500 ученици.

XS
SM
MD
LG