Достапни линкови

Русија загрижена за турската операција во Сирија


Русија изрази длабока загриженост поради воената операција на Турција во северниот дел на Сирија, неколку часа откако турски тенкови и друга воена опрема влегоа во регион кој е во рацете на екстремистичката група Исламска држава.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров соопшти дека турската воена операција може да доведе до „понатамошно влошување на ситуацијата во зоната на конфликтот и да ги разгори меѓуетничките тензии меѓу Курдите и Арапите“.

Москва го поддржува сирискиот претседател Башар ал-Асад во конфликтот во Сирија.

XS
SM
MD
LG