Достапни линкови

Милитанти го нападнаа Американскиот универзитет во Кабул


Вооружени милитанти влегле денеска во Американскиот универзитет во Авганистан, кој се наоѓа во западниот дел на Кабул.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи соопшти дека областа сега е опкружена со безбедносни сили.

„Ние не знаеме за колку напаѓачи станува збор, но има борби“, вели портпаролот Седиг Седиги.

И студенти потврдуваат дека има напаѓачи.

„Се слушна експлозија, имаше и пукање, како и ранети студенти“, вели студент за авганистанскиот сервис на РСЕ.

XS
SM
MD
LG